Достава и испорака

Достава и испорака

УСЛОВИ НА ИСПОРАКА

Откако ја потврдивте нарачката на производите, нарачката влегува во процес на обработка.

Рок на испорака

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.

Рокот на испорака е 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време на нашиот online shop е од 9 до 17 часот во текот на неделата и сабота од 10 до 14 часот.

Превземање на пратки

Курирската служба (екстерна фирма која ја врши доставата за нас) пратките ги доставува на адресата за испорака секој работен ден 8 до 15 часот, и сабота од 9 до 14 часот. Ве молиме во тој период да има личност која ке може да ја прими доставата. При превземање на пратката потребно е да се изврши визуелен увид на пакетот, случајно да не има некои физички видливи оштетувања. Доколку забележите било какво оштетувања на самиот пакет или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се одбие пратката и во истиот момент да не известите со повик на телефонскиот број 043 234 571 или по пат на e-mail office@lotus.mk. Доколку е се во ред со пратката без никакви оштетувања слободно превземете ја и потпишете се на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два примерока. Вообичаена пракса е доколку курирот не ве пронајде на назначената адреса, ќе треба да ве исконтактира на телефон-контакт кој сте го посочиле при креирање на нарачката и да се направи договор за нов термин за испорака на нарачката. Доколку и во тој случај повторно не ве пронајде на посочената адреса нарачката се враќа кај нас. Откако ќе ја примиме ќе ве исконтактираме за да дојдеме до заклучок и да се договориме за повторно испраќање.

Цена на Испорака

Цената на достава за сите нарачки чија вредност е поголема од 3.500 ден. е бесплатна!

Цената на достава за сите нарачки чија вредност е помала од 3.500 ден е 130 ден !

Напомена

Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ, согласни сте со условите за испорака.